Американскиот актер Шон Пен преку „Твитер“ ја информира јавноста дека пристигнал во Украина за да им помогне на бегалците.
Тој беше во Лавов, каде што се сретна со гувернерот Максим Козицкиј.
На почетокот на руската инвазија Пен беше во главниот град на Украина, каде што снимаше документарен филм. Од 24 февруари неговата хуманитарна организација работи на обезбедување, сместување и образование за украинските бегалци во Полска.
Инаку, Пен се обидува на секој начин да ѝ помогне на Украина и да се сврти кон случувањата во таа земја. Тој побара украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати на „Оскарите“, но тоа не се случи.
I was in Lviv, Ukraine today with CORE team, strategizing with local governance & NGO’s to scale up our in-country programs. Good meeting with Gov. Maksym Kozytskyy. To learn more go to https://t.co/snKeUz99Fm or text “CORE” to 24365 to donate. pic.twitter.com/ASHavYHlvy
— Sean Penn (@SeanPenn) March 28, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.