Актерот Шон Пен повторно ја изрази својата поддршка за Украина, велејќи дека размислува да земе оружје и да оди да се бори против Русија.
Ако сте биле во Украина за време на конфликтот, оваа идеја сигурно ви паднала на ум. Се прашувате каков е овој век. Размислувам да земам оружје и да се борам со Русија. Што по ѓаволите се случува?, изјави Пен за списанието Hollywood Authentic.
Во февруари, на почетокот на руската инвазија, актерот отпатува во Украина за да сними документарен филм за ужасните злосторства што се случуваат таму.
Единствената можна причина зошто би останал во Украина подолго од минатиот пат би била за да држам пушка в рака. Веројатно не би носел панцир бидејќи би сакал да му го дадам на некој од војниците, додаде тој.
Претходно тој рече дека верува оти Владимир Путин ја направил најстрашната грешка што ќе ја плати целото човештво. Хуманитарната организација на актерот континуирано работи на сместување на украинските бегалци во Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.