Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ е награден со две 2 награди на Art Film Spirit Awards во соработка со Toronto Film magazine, во Канада, за најдобра актерка за Сара Климоска и за најдобар актер за Филип Трајковиќ.

Наградите Art Film Spirit во соработка со списанието Toronto Film се за откривање на нови меѓународни филмски проекти, талентирани уметници во духот на инди-филм кинематографија. Фестивалот има за цел да ги препознае и промовира меѓународните таленти преку наградите TFM и Art Film Spirit, кои се посветени на јазикот на кинематографијата како уметничка форма.
Ова е трета награда за најдобра актерка на Сара Климоска за филмот „Шеќерни луѓе“. Претходно ја освои наградата за најдобра актерка на Kiez Berlin Film Festival во Германија и на Reale Film Festival во Италија.
Досега филмот има освоено 6 награди на различни интернационални фестивали за краткометражни филмови. Филмот исто така е во селекција на 16 интернационални фестивали, во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.
Филмот „Шеќерни луѓе ”, е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.