Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, додека македонскиот режисер Игор Иванов-Изи е член на жирито за документарен филм на фестивалот, јави дописникот на МИА.
Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, селекциониран меѓу 2800 филмови кои годинава конкурираа на фестивалот.
Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификува за наградата „Оскар“, во Нанси се наоѓа во натпреварувачката меѓународна селекција и ќе биде прикажан три пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.