Во Лос Анџелес синоќа се одржа 75. доделување на наградите „Еми“.

Серијата на Ејџ-би-о, „Наследници“, мрачната и остра хроника за внатрешните расправии на богато дисфункционално семејство на чело на огромна медиумска империја, имаше дури 27 номинации и заврши со вкупно 6 награди „Еми“.

Серијата „Наследници“ ја добија наградата за категоријата најдобра драмска серија. Екипата на серијата исто така, ги зеде наградите за најдобар главен актер и актерка во драмска серија, кои им припаднаа на Киеран Калкин и Сара Снук. Наградата за најдобра машка споредна улога во драмска серија му припадна на британскиот актер Метју Мекфадјен.

Додека „Наследници“ доминираше во категориите за драмска серија, „Мечката“ освои 6 награди во категоријата хумористична серија, додека „Кавга“ во продукција на Нетлфикс доминираше во категоријата на кратки серии.

„Мечката“ освен што ја освои наградата за најдобра хумористична серија, доби и три актерски награди. Џереми Ален Вајт ја доби наградата за најдобар главен актер во хумористична серија, а Ајо Едебири и Ебон Мос-Бахрач за најдобра споредна женска улога и најдобар спореден актер во хумористична серија.

Награда за најдобра актерка во хумористична серија е Квинта Брансон за „Основото Абот“. Актерката Џенифер Кулиџ доби награда „Еми“ за најдобра женска споредна улога во хумористична серија за улогата во „Белиот лотос“.

Сер Елтон Џон ја доби својата прватa награда „Еми“ за „Елтон Џон во живо: Збогум од стадионот ‘Доџер’“, со што стана „ЕГОТ“ , односно е добитник на наградите Еми, Греми, Оскар и Тони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.