Ема Хеминг Вилис (43) на Инстаграм сподели заедничка фотографија со сопругот Брус Вилис (67), на која се гледа моментот кога таа го бакнува во образ.
Хеминг Вилис во објавата напиша: „Толку го сакам што боли“, напишала во објавата Хеминг Вилис, која со познатиот актер има две ќерки Мејбел Реј (10) и Евелин (8).


Да потсетиме, Брус Вилис живее со состојба позната како афазија, која може да влијае на способноста за зборување и паметење.

Неговата сопруга исто така објавила видео од Вилис на Инстаграм додека ја изведува класиката „Under The Boardwalk“ со бендот „The Temptations“ од 1987. година, пофалувајќи ја неговата самодоверба.

Моето мото е не дозволувај стравот да те запре. Зошто? Затоа што стравот постојано ме спречува. Што е уште една причина зошто се заљубив во мојот сопруг, стравот никогаш не го запре. Мислам, колку самодоверба е потребна за да пее со The Temptations?“, напишала Хеминг Вилис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.