Еден од најуспешните американски ситкоми на сите времиња „Сите го сакаат Рејмонд“ ќе добие српска верзија. Таа има работен наслов „Сите го сакаат Андрија“, а во главната улога ќе биде Андрија Милошевиќ, објавија српските медиуми.

Режисери на серијата се Огњен Јанковиќ од хип хоп групата „Београдски синдикат“ и Предраг Личина, автор на филмот „Последниот Србин во Хрватска“. Снимањето, што ќе трае четири месеци, ќе се одвива во специјално направена куќа, а премиерата е планирана догодина.

„Сите го сакаат Рејмонд“ имаше девет сезони од 1996 до 2005 година и освои 15 Еми награди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.