Сара Џесика Паркер не разговара со својот долгогодишен актерски партнер од хитот „Сексот и градот“, Крис Нот откако се појавија обвиненијата кои го товарат за сексуално злоставување.
Не знам ни дали сум подготвена да зборувам за тоа. Но, мислам дека не реагирав на скандалот како продуцент“, рекла 57-годишната актерка и извршен продуцент на серијата за THR. „И само така…“.
Актерката станала прилично збунета и почнала да пелтечи додека одговарала на тоа непријатно прашање за нејзиниот колега, посрамениот 67-годишен Нот, кој го играше сопругот на Кери Бредшо – финансиерот Џон Џејмс Престон-Ѕверката, во сите шест сезони на „Сексот и градот”, како и неодамнешното враќање на хероините преку серијата „И само така”.
На 16 декември минатата година, Нот негираше дека сексуално злоставувал две жени кои контактирале со THR, тврдејќи дека тоа биле „договорени состаноци“. Но, после тоа уште две жени се огласија со слични тврдења за Нот, кој веднаш беше исфрлен од Агенцијата за уметници А3, а неговиот лик беше убиен во серијата „Еквалајзер“. Сара не мораше да го отпушти господинот Ѕверка, бидејќи тој веќе почина во „И тек така“ поради срцев удар во првата епизода од серијата емитувана на 9. декември.
Бидејќи остана без актерска работа, Нот ги зголеми цените на Cameо – 600 долари за персонализирано видео за обожавателите (100 повеќе отколку пред скандалот), 2.000 долари за деловни видео содржини и 1.600 долари за лични видео повици во живо. HBO Max на 22. март официјално објави дека ќе се снима втората сезона на серијата „And Just Like That“ – што значи дека Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис веројатно ќе добијат значително покачување на нивните претходни плати од 10. милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.