Русите првично го игнорираа обраќањето наАрнолд Шварценегер, но набрзо руските државни медиуми го нападнаа. Говорот што тој им го упати, меѓу другото го нарекоа и холивудска продукција.

Неодамна, Шварценегер објави видео на својот инстаграм-профил каде го следат 22 милиони луѓе. Актерот апелираше за крај на војната, и како што истакна, сака да им ја открие на Русите вистината за војната на Путин.

Телевизискиот водител Вадим Гигин жестоко го коментираше неговото обраќање во емисијата „Недела вечер“ со Владимир Соловјов.

„Тоа е лице од кориците на американскиот империјализам и колонијализам“, рече тој за Шварценегер, а неговото обраќање го нарече холивудска продукција. „Тој од Калифорнија ќе ни ја каже вистината нам, кои живееме овде?“, тој додаде.

Соловјов рече дека Шварценегер двапати го посетил Ирак за да ги поддржи американските трупи и никогаш таму не одржал сличен говор.

Руските медиуми решија да му одговорат на Шварценегер откако неговото обраќање стана вирално на платформата „Телеграм“, на која се префрлија голем број Руси по блокадата на „Инстаграм“ во нивната земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.