За време на настапот на „Tarner Classic Movies Film Festival“ минатата недела (21-ви април), Спилберг откри како настанал филмот. Тој и кажа на публиката дека размислувањето за разводот на неговите родители го натерало да ја преиспита последната сцена од неговиот филм од 1977 година „Блиски средби од трет вид“.
Што ако тоа мало суштество никогаш не се врати на бродот? Што ако мојата приказна за разводот ја претворам во приказна за децата, семејството, обидот да исполнам голема потреба и да создадам таква одговорност? изјави Спилберг, пренесува „The Independent“ и додава:
Разводот создава голема одговорност, особено ако имате браќа и сестри; сите се грижиме еден за друг. Што ако Елиот, или едно дете – сè уште не му смислив име – за прв пат во животот треба да стане одговорен за облик на живот што ќе ја пополни празнината во неговото срце? – рече тој.
Додаде дека во тоа време работел и на „вистинско буквално сценарио“ за разводот на неговите родители.
Работев на идеи за тоа и што тоа им направи на моите сестри и мене – објасни режисерот, пишува „NME“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.