„Патот кон Месечината“ (Moonbound) е новиот анимиран филм кој, синхронизиран на македонски јазик, веќе може да се гледа на големото платно.

Ова остварување, покрај за помладата публика, ќе биде интересно и за целото семејство, а режијата е на Али Самади Ахади. За анимираните ликови гласовите ги позајмуваат: Дамјан Цветановски, Михаела Ангелевска, Крсто Јовановски, Александар Алексовски, Дарко Вељиќ, Емилија Гиевска, Трајанка Илиева- Велиќ, Ненад Анѓелковиќ и Елизабета Зафировска. Базиран на една од најпопуларните германски книги за деца – „Патувањето кон Месечината на малиот Петр“, филмот ја носи приказната за малиот Пит кој започнува магично патување кон Месечината, заедно со јунскиот бумбар, господинот Зумзем и Сендмен, во мисија да ја спаси својата помала сестра која е однесена од лош човек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.