На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде прикажан краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ по сценарио на Лидија Мојсоска и Јаков Попоски.

Проекцијата е во рамките на 8. издание на фестивалот за краток филм Drim Short.

Филмот раскажува приказна за две деца Борис и Кира кои работат на плажа, а чие другарство за  момент ќе биде разнишано поради влијанијата од конзервативното опкружување.

„Само ѓаволот се плаши од вода“, ја освои наградата за најдобар домашен, македонски филм од  жирито на ФИЛМАЈ, Меѓународниот фестивал на краток филм Куманово 2024. Претходно овој филм беше награден и на филмски фестивали во Португалија и Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.