Во вторник на 9 јули 2024 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:30 часот, ќе имате можност да го погледнете македонскиот игран филм „Жед“.

ЖЕД
(Thirst)
Игран филм, Македонија
1971, 84 мин., колор, ДЦП
Режија: Димитрие Османли
Сценарио: Живко Чинго
Улоги: Неда Спасоевиќ, Сабина Ајрула-Тозија, Јадвига Митревска, Снежана Стамеска, Ацо Јовановски, Павле Вуисиќ, Драги Костовски, Дарко Дамески, Коле Ангеловски

Жителите на едно село во пасивен македонски крај својата егзистенција ја остваруваат со одење на печалба. Во селото работат и живеат три учителки, младите девојки Елица, Марија и Николина, и секоја на свој начин се обидува да му даде смисла на животот кој им е наметнат во оваа средина. Најголем проблем во селото е снабдувањето со вода. Од далечниот планински извор водата ја носи водоносецот Марко, кој е вљубен во сиромашната девојка Кате. Нивната врска нема перспектива поради исклучителната сиромаштија во која живеат.

Монотонијата на селскиот живот се разбива со доаѓањето на групата рударски инженери кои во планината вршат истражувања. Меѓу нив е и инженерот Виктор, кој го привлекува вниманието на учителката Марија. Таа е во дилема дали да ја прифати можноста да замине со него од селото и коренито да го измени својот живот. Сепак, пресудна е нејзината желба да им се помогне на децата и жителите од селото и таа останува.

Враќањето на остарениот печалбар Трендафил, вујко на Кате, претставува своевиден настан за животот на селото. Судбината на многумина во селото зависи од „богатството“ на вујкото кој се вратил од Америка…

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.