Сандеј Роуз Кидман Урбан (16) го имаше своето деби на ревијата на Miu Miu, која ја претстави колекцијата пролет/лето 2025 на модната недела во Париз.
Ќерката на Никол Кидман носеше бел фустан без ракави, сиви доколенки и штикли, а меѓу присутните беа актерите Вилем Дефо, Хилари Свонк, Кара Делевињ и Литл Симз.

По модната ревија, Никол рече дека не сакала повеќе да ја задржува.

Актерката претходно изјави дека отсекогаш знаела дека нејзината ќерка сака да биде модел, но чекала да наполни 16 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.