Вчера, на 25 ноември (понеделник), во 20 часот во Кинотеката на Македонија се отвори Неделата на јапонски филм
Беше прикажан играниот филм ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН во режија на Кенџи Мисуми.
На публиката ѝ се обратија в.д директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски и амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја.
Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, а во рамките на неделата на јапонски филм, ќе биде прикажан играниот филм „Train Brain Express“.
Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страствени љубители на возови. Ова нивното хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку глатко. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?
TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира на идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.
Возрасна категорија: 12 години
TRAIN BRAIN EXPRESS
(Train Brain Express)
Игран филм, Јапонија
2012, 117 мин., колор, ДЦП
Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)
Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Sawamoto)
Улоги: Кеничи Мацујама, Еиа, Шихору Канџиа (Kenichi Matsuyama Eita, Shihori Kanjiya)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.