Вечерва во Кинотека, ќе имате можност да проследите уште едно остварување од македонската кинематографија, играниот филм „Домаќинство за почетници“. Проекцијата на филмот е закажана за 20:30 часот.

ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ

 

(Housekeeping for Beginners)

Игран филм, Македонија / Хрватска / Косово / Полска

 

2023, 108 мин., колор, ДЦП

Режија, Сценарио: Горан Столевски

 

Улоги: Анамариа Маринка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Миа Мустафа, Џада Селим, Сара Климоска, Розафа Целај, Ајше Усеини

Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.