Денес во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 19:30 часот а по повод Денот на планетата Земја ќе биде организирана проекција и дискусија на тема: еколошката деструкција на војните. Причината, за жал, е повеќе од јасна. Ужасите на војните се намножија во последните години: геноцидот во Газа, Украинската војна, војната во Судан, во Конго…

Природата е безгласната жртва на секоја војна. А сепак, голем дел од екологистите денес – молчат кога станува збор за војните. Како војната да не е ужас сам по себе! Како војната неизбежно да не предизвикува еколошка деструкција, страдање на целиот жив свет, а не само на луѓето! Па има прилично екологисти што се држат настрана од темата запирање на војните, како премногу политичка за нивниот префинет аполитичен вкус. Дури има и такви што активно учествуваат во разгорувањето на војните! Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, од Партијата на Зелените, со својот придонес за разгорување на Украинската војна, е најсрамниот пример!

 

Ќе биде прикажан документарецот „Отпечатокот на војните: природата на отстрел“ (2014) на Максимилијан Менх. Во него се прикажани низа последици од модерните војни што со години и децении по завршувањето на војните го загрозуваат нашиот екосистем и нас самите како дел од него. Проекцијата ќе биде на англиски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.