Пред последната епизода, ја прашав Марта Кауфман дали можам да ја имам последната реплика на „Пријатели“. Знам дека никој нема да се грижи за тоа, освен мене, напишал Метју Пери (54) во книгата „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“. Тој ненадејно почина во саботата во џакузи.

Продуцентката Кауфман му дозволи да ја одјави легендарната серија со своја реплика – „Мене ми значеше многу повеќе отколку на другите“

– Затоа сите заедно го напуштивме станот. Рејчел ми предложи да одиме на кафе, а јас саркастично прашав „Каде? – објаснил актерот во книгата, пренесува Инсајдер. Токму неговата реченица стана култна.

24sata

Тој беше воодушевен од реакцијата на Дејвид Швимер потоа.

Неговиот поглед беше полн со љубов и задоволство, совршена мешавина на она што серијата го претставуваше за сите – забележа Пери во своите мемоари.

За разлика од Џенифер Анистон и Мет Лебланк, тој не плачеше по завршувањето на серијата.

Заедно со мојата тогашна девојка шетав низ студиото каде што го снимавме „Пријатели“. Долго седевме и размислувавме за изминатите десет години – напишал покојниот актер.

24sata

Пери и за време на снимањето на „Пријатели“ се бореше со зависноста. Кога шоуто беше на својот врв, зависноста на Пери беше на својот врв. Не сакаше да ја гледа серијата.

Знам точно во кое време сум конзумирал алкохол, во кое време опијати, во кое време кокаин. Не сакам да ја гледам затоа што тоа го гледам. Во еден момент ми беше толку лошо што се тресев, па морав да ја потпрам раката на масата за да не ја фати камерата – изјави тогаш тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.