Синоќа со видео порака од годинешниот добитник на наградата за животно дело, филмскиот композитор Збигњев Прајснер беше отворена филмската програма на 10. издание на Скопје Синема Сити. Во своето обраќање тој се заблагодари на фестивалот и на публиката и рече дека се надева на гостување во македонската метропола со изведба на неговите дела.
Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворна филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити. Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од неговата музика со публиката.
Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот Скопје Синема Сити за ова признание за мојата работа и се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер.
Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“.
Проекцијата на филмот за отворање „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, беше проследена со аплауз а потоа посетителите уживаа во мало концертно музичко изненадување каде што ги споделуваа впечатоците од филмот.
Програмата продолжува вечерва со со филмовите за една џез и една панк икона: „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“.
„Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин
Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки кои режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез музичар чиј живот бил обележан од долго користење дроги.
„Џо Страмер: Иднината е ненапишана“
Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсаканите британски музичари кој е познат како фронтменот на групата The Clash. Како фронтмен на групата The Clash почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години после неговата смрт во 2022 и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.