Актерот Џозеф Е. Тата, најпознат по улогата на Нејт, сопственикот на „Пич пита“ во серијата „Беверли Хилс“, почина на 86-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја сподели Иан Зиринг, кој го играше Стив во серијата.

„Во последните неколку месеци ја загубивме Џесика Клајн, една од најуспешните писателки и продуценти на серијата 90210, ја загубивме Дениз Доус која ја играше г-ѓа. Тисли, и многу сум тажен што можам да споделам со вас дека и Џо Е. Тата почина. Тој беше еден од најзабавните луѓе со кои сум работел, дарежлив, мудар и добар“, напиша Иан.

На Џо му била дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2018 година.
Џо беше во серијата од 1990 до 2000 година, поточно во 238 епизоди. Неговото кафуле беше омилено место за Брендон, Бренда, Дилан и Кели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.