Странските медиуми објавија загрижувачка вест дека во текот на вчерашниот ден пристигнала брза помош во домот на познатата актерка Брижит Бардо (88), која пријавила тешкотии со дишењето.

Сопругот на познатата Французинка Бернар Д’Ормал ја потврди оваа вест, а потоа го разјасни целиот инцидент, кој се случил во нивната вила во Сен Тропе.

Околу 9 часот наутро, Брижит почна да има проблеми со дишењето. Дишеше побрзо и поинтензивно од вообичаено, но не ја изгуби свеста. Тоа беше момент на привлекување на вниманието, рекол Бернард.

Тој додал дека екипата за итна помош ја ставила 88-годишната дива на кислород и дека останале некое време внимателно да ја испитаат нејзината состојба.

Како и сите луѓе на стари години, таа повеќе не може да ја поднесе жештината. Тоа се случува на 88 години. Таа не смее да се изложува на непотребни напори, заклучил тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.