По долго размислување, една од трите ќерки на Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, одлучила, сепак, да ја озакони својата долгогодишна врска и тоа додека нејзиниот татко, познатиот холивудски актер, сѐ уште е присебен.

Кон крајот на март, семејството на Брус Вилис го потврди она што се шпекулираше со месеци – на 67-годишниот холивудски актер му беше дијагностицирана афазија, поради што беше принуден да се пензионира како актер. Афазијата е стекнато губење или нарушување на говорот, говорното изразување или разбирање и е предизвикано од оштетување на мозокот, односно центарот за говор. Експертите велат дека најчесто се дијагностицира кај возрасни кои имале мозочен удар, но може да биде последица и на тумор на мозокот, инфекции, повреди на главата или разни форми на деменција.

Дека Вилис добро знаел дека дијагнозата не е добра, се потврди подоцна, кога се откри дека го продал својот имот, снимил голем број филмови, но и се преселил со сопругата Ема Хеминг и двете помали ќерки во Калифорнија за да биде блиску до своите три ќерки од бракот со Деми Мур.

А, токму една од ќерките, Талула, имала намера да ги промени плановите поради својот татко, а сега ја донела конечната одлука – ќе ја забрза организацијата на својата венчавка која имала намера да ја откаже поради болеста на Вилис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.