Норман Џуисон, режисерот на „Во врелините на ноќта“, почина 97-годишна возраст

Канадскиот филмски и телевизиски режисер Норман Џуисон, меѓу чиишто шаренолики ремек-дела ги вклучуваат драмата од расна тематика „Во жештините на ноќта“, романтичната комедија „Опседната (маѓепсана) од месечината“ и мјузиклот „Виолинистот на покривот“ од 1971 година, почина во 98-та година од животот, објави неговиот агент.

Џуисон починал во својот дом во саботата, изјави неговиот агент Џеф Сандерсон во понеделникот.

Режисерот од Торонто, кој ја направи и сатирата за Студената војна „Русите доаѓаат, Русите доаѓаат“ и провокативната рок опера „Исус Христос Суперстар“ од 1973 година, се сметаше за еден од најважните режисери во последните четири децении на ХХ век. Широко е почитуван поради неговата способност да снима филмови од различни жанрови.

Неговите филмови освоија неколку Оскари, а во 1999 година Џуисон ја доби наградата за животно дело. „Во жештините на ноќта“, со Сидни Поатје и Род Стајгер во главните улоги, го освои Оскарот за најдобар филм во 1967 година.

„Маѓепсана од месечината“ стана една од најпопуларните холивудски романтични комедии. Тоа е приказна за вдовица од Бруклин, која ја игра Шер, која се согласува да се омажи за човек што не го сака, а потоа се вљубува во неговиот брат, кој го игра Николас Кејџ. Шер за нејзината улога го доби Оскарот за најдобра актерка.

Младешките патувања на Џуисон низ Америка во 1940-те и сведоштвото на белиот расизам против црнците на југот, влијаеле на неговите филмови, особено на неговите три драми со расна тематика: „Во врелините на ноќта“, „Приказната на војникот“ (1984) и „Ураган“ (1999).

Џуисон (Norman Frederick Jewison) потсетуваше дека како момче во Торонто често бил малтретиран од луѓе кои мислеле дека е Евреин поради неговото презиме. Потекнуваше од христијанско семејство, но оваа недоразбирање остана засекогаш.

Џуисон беше бескомпромисен либерал кој учествуваше во протестите за граѓански права во 1960-те, го познаваше поранешниот американски државен обвинител Роберт Кенеди, како и херојот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор. Џуисон се разочара од американското општество по атентатите на Кенеди и Кинг во 1968 година и се исели од САД.

Го изгубив политичкиот идеализам. Затоа заминав, го вратив семејството во Канада и ги искинав зелените картони, нешто што моите деца сè уште не ми го простија, изјави Џуисон во 2004 година за магазинот Ottawa Citizen.

Норман Фредерик Џуисон е роден во Торонто на 21-ви јули 1926 година. Служел во канадската морнарица за време на Втората светска војна, станал течлевизиски режисер во Канада, а потоа се преселил во Њујорк во 1958 година, каде што снимал тв-емисии со филмски ѕвезди како Џуди Гарланд, освојувајќи три Еми награди. Режисер е и на класиците како „Синсинати Кид“, „Месечари“, „Аферата Томас Краун“….



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.