Американскиот актер и комичар Боб Њухарт почина на 95-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес по кратко боледување, соопшти неговиот долгогодишен публицист Џери Дигни.

Во 1959 година, некои стрипови што ги правел за забава додека работел како сметководител во Чикаго, биле забележани од директорот на „Ворнер Брос“, кој во 1960 година го објавил комичниот албум на Њухарт, „The Button-Down Mind of Bob Newhart“.

Плочата го зазеде првото место на топ листите, а на доделувањето на наградите Греми во 1961 година беше прогласен за албум на годината, во конкуренција на Нет Кинг Кол, Хари Белафонте и Френк Синатра.

Њухарт зад себе остави две хит серии, 14 играни филмови и продаде милиони албуми, пишува „Њујорк тајмс“.

Тој има освоено три награди Греми и две награди Еми во период од пет децении, како и наградата Марк Твен за американски хумор.

Боб беше познат по улогите во култни продукции како што се: „The Big Bang Theory“, „Legally Blonde 2“, „The Librarians“, „Young Sheldon“ и други.

Изненадувачки, неговата прва награда Еми дојде дури во 2013 година, кога освои место за гостин на „The Big Bang Theory“. Тој се појави во шест епизоди од хит серијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.