Актерката Кирсти Али, позната по улогите во телевизиската серија „Cheers“ и филмскиот серијал „Погледни кој зборува“, почина на 71-годишна возраст, објави „Гардијан“.
Смртта на познатата актерка во понеделникот ја потврдија нејзините деца Вилијам „Тру“ Стивенсон и Лили Прајс Стивенсон, а подоцна истото го сподели и нејзиниот менаџер.
Кирсти Али боледувала од рак, откри нејзиното семејство.
До сите наши пријатели ширум светот… Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна, силна и сакана мајка почина по битката со ракот, кој ѝ беше откриен неодамна. Беше опкружена со најблиското семејство и се бореше со голема упорност… Колку и да беше неверојатна на екранот и филмското платно, таа беше уште подобра мајка и баба, се вели во соопштението на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.