АКТЕРКАТА Џина Лолобриџида починала на 95-годишна возраст, објави во понеделникот новинската агенција ANSA.
Лолобриџида се прослави во педесеттите години на минатиот век како медитерански секс симбол, а по повлекувањето од светот на филмот стана фотограф и скулптор. Многумина ја нарекуваа најубавата жена на светот.
Во раните осумдесетти, таа се посвети на фотографијата и скулптурата
Родена на 4 јули 1927 година во скромно семејство во малото село Субијако, во планинскиот регион Абруцо во централна Италија.По завршувањето на војната, во која семејството се преселило во малите градови околу Рим за подобро да го издржи општата глад и сиромаштија, Џина решила да го продолжи своето образование. Избрала скромна стипендија и се запишала на Академијата за ликовни уметности во Рим во 1945 година, а се занимавала и со манекенство.
Во 1947 година, таа се натпреварувала за Мис Италија
Во 1947 година, таа влегла во натпреварот за Мис Италија, каде што го освоила третото место. После тоа, таа веднаш почнала да добива филмски улоги. Лолобриџида играше со најголемите светски актери, од Франк Синатра, Шон Конери, Марчело Мастројани до Хемфри Богарт.
По успешната кариера во Холивуд, таа се вратила во Италија и само повремено се појавува на филм и телевизија. Ла Лоло потоа се враќа на своите први уметнички љубови, фотографијата и скулптурата, на кои целосно им се посветила во раните осумдесетти.
Приватен живот
На дочекот во 1947 година, Џина го запознала Милко Шкофиќ, млад словенечки лекар кој работел во Меѓународната организација за бегалци. Тие се венчале две години подоцна и заедно добиле син. Милко во еден момент престанал да се занимава со медицина за да стане нејзин менаџер. Сепак, тие се развеле во 1971 година.
Во октомври 2006 година, кога имала 79 години, таа ја објавила својата свршувачка со 45-годишниот шпански бизнисмен Хавиер Рихау и Рафолс.о Но, неколку месеци подоцна, таа ја раскинала свршувачката со образложение дека медиумите ја преполниле оваа романса и почнале да навлегуваат во нејзиниот личен живот.
Во 2010 година, скандалот околу нивната врска добил нов поттик. Таа тврдела дека мажот го лажирал нивниот брак за да го преземе нејзиниот имот. Бизнисменот од своја страна тврдел дека церемонијата била легална, и дека биле во брак неколку години. Дека лаже се дознало кога во јавноста протече видео на кое тој изјавува дека никогаш не бил оженет. Тој бил обвинет за фалсификување и измама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.