Американскиот актер Лесли Џордан (67) трагично го загуби животот, откако во понеделникот наутро со своето БМВ удрил во ѕид од зграда во Лос Анџелес. Медиумите пишуваат дека се верува дека на Џордан му се слошило додека возел, по што изгубил контрола над возилото.

Публиката најмногу по препознава по лик од хит серијата „Вил и Грејс“.

Џордан стекна телевизиска слава во 1990-тите со улогите во телевизиските комедии како „Hearts Fire“ и „Murphy Brown“. Последниот ангажман го имаше во серијата на Фокс „Call Me Kat“.

Во последниве години, Џордан стана попопуларен од кога и да е, откако се појави во „Американска хорор приказна“. Тој, исто така, собра повеќе од 5,8 милиони следбеници на својот Инстаграм профил, каде на негов карактеристичен начин раскажуваше хумористични приказни за Холивуд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.