Американскиот актер Андре Брауер во понеделникот почина на 61 година по кратко боледување, објави денеска неговиот агент.

Брауер се прослави во сериите со улогата на детективот Френк Пемблтон во култната серија „Оддел за убиства“ (Homicide: Life on the Street), за која освои Еми за најдобар актер во драмска серија во 1998, но стана доста популарен меѓу помладата генерација играјќи го капетанот Рејмонд Холт во хит-серијата „Бруклин 9-9“ ( Brooklyn Nine-Nine) од 2013 до 2021, каде што го покажа својот извонреден талент за комедија.

Тој во 1991 година се ожени со колешката од детективската серија Ејми Брабсон, со која имаат два сина и останаа заедно до крај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.