Мртво тело пронајдено на планината Балди во јужна Калифорнија е идентификувано со британскиот глумец Џулијан Сендс, кој пет месеци се водеше за исчезнат откако заминал на планинарење.
Шерифот на Округот Сан Бернандино потврди синоќа дека останките се на исчезнатиот 65-годишен актер, жител на Лос Анџелес. Истрагата сѐ уште утврдува како настапила смртта. Телото на Сeндс било откриено во саботата од љубители на пешачењето во природа. Планината е дел од масивот Сан Гејбриел што е на 80 километри од Лос Анџелес.
Калифорнија зимата беше погодена од досега незабележани бури предизикани од доста смртоносни поплави и лизгање на земјиштето.
Си-би-ес јави дека два дена пред исчезнувањто на Сeндс, мајка на четири деца загинала во лизгање на земјиштето на планината Балди. А, 75-годишник се загубил во планината и бил најден и спасен по два дена.
Беа организирани неколку потраги по Сeндс – последната на 17 јуни. Полицијата потврди дека, поради „екстремни алпски услови“, некои места на планината се недостапни.
Сeндс се појави во десеттина филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Соба со поглед“, „Напуштање на Лас Вегас“, „Полиња за убивање“ и други. Беше оженет со новинарката Евгенија Ситковиц и има три возрасни деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.