Американската актерка Памела Андерсон (55) ќе глуми во третиот дел од филмот „Јужен ветер“, дознава Курир.рс.Публиката можеше да го види финалето на серијата „Јужен ветер: На граница“ а на лето веќе почнува да работи на новото продолжение на авантурите на Петар Мараш.
Како да се преживее
Заплетот на новиот филм ги движи главните ликови надвор од Белград и земјата во авантури кои ќе доведат до преиспитување на меѓусебните односи, но и до ситуации во кои можноста за опстанок и исходот ќе бидат неизвесни.
Памела Андерсон стана позната откако беше избрана за насловната страница на магазинот „Плејбој“ во февруари 1989 година. Светската слава ја стекна како Си Џеј Паркер во популарната серија „Чувари на плажата“, по што стана секс симбол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.