МакеКоПроДокс форумот на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помеѓу земјите од Балканот. Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на продукција.

Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи за време на 15тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Датум и локација: 19-21 август 2024, Скопје

Кој може да аплицира: Продуценти/автори на документарни филмови продуцирани, копродуцирани или снимени на Балканот (С Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција).

(*Ве молиме имајте предвид дека не бараме приказната да биде снимена во регионот.)

Главни критериуми за аплицирање:

– да е долгометражен креативен документарен филм;

– да е во фаза на развој, продукција или постпродукција;

– да е снимен, продуциран или копродуциран во регионот.

Пријавувањето се врши во електронска форма преку пополнување на ФОРМУЛАРОТ.

Рок за пријавување: 15.06.2024

Менторскиот дел за проектите се состои од:

Прва групна сесија (онлајн; крај на јули)

Две менторски сесии (онлајн; почеток на август)

Пичинг сесии и еден-на-еден состаноци (Скопје, 19-20 август)

Достапност и пристап:

Сите сесии ќе се изведуваат на англиски јазик. Освен на јавни настани, програмата не обезбедува индивидуален преведувач за учесниците кои не зборуваат англиски јазик. Авторите на избраните проекти треба да отпатуваат до Скопје за да го претстават својот проект.

Селекција и резултати:

Изборот на доставените проекти ќе го изврши комисија за проценка, земајќи ги предвид критериумите за подобност. Резултатите ќе бидат објавени преку е-пошта и на веб-страницата на „МакеДокс“ не подоцна од 20 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.