Актерката Ребел Вилсон се уште е инспирација за многумина поради шокантната промена на изгледот и губењето на околу 30 килограми. Ребел ја одржува тежината и се уште живее здрав живот, а сега открива што научила на патувањето до нејзината идеална тежина.

Бев вклученa во програма каде нè учеа за храна, каде што дознав дека не ни требаат толку многу калории колку што мислиме.

Оваа 43-годишна жена објаснила како на таа програма и било кажано дека е доволно луѓето да внесуваат 600 калории дневно, а не 1500 или 2000, што e општо прифатено мислење.

Актерката призна дека оваа бројка на многумина им изгледа луда, но смета дека на телото не му требаат многу калории, особено за време на детоксикација.

Сите мислат дека треба да јадете многу, но ако јадете правилно и во мали порции – не ви треба повеќе од тоа.

Сепак, актерката изјави дека тоа не е нешто што треба да се следи секојдневно.

Не можам да одам во теретана толку често колку што сакам, едноставно не вежбам многу и тоа ме забави во борбата со килограмите.

Ребел влезе во 2020 година со намера да ослабе и 2020 година ја нарече година на здравјето. Таа го исфрлила шеќерот и нездравата храна од своето мени и се ставила во рацете на тренерот Џон Кастан, кој вредно тренирал со неа, а таа успеала да изгуби околу 40 килограми вишок.

За време на нејзиното слабеење, таа отиде на велнес одмор во Австралија каде ги научи позитивните страни на пешачењето, што набрзо доведе до нова рутина. Наскоро, на крајот на 2020 година, таа ја достигна својата идеална тежина: 74 кг.

Исто така, таа ја усовршила исхраната и јадела храна со многу протеини.

“Целта никогаш не ми беше да бидам слаба, знам дека никогаш нема да се вклопам во некои фустани. Но, горда сум на себе и на балансот што го постигнав”, изјавила актерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.