„Дизни“ објави нов трејлер за филмот „Пинокио“, а Том Хенкс изгледа непрепознатливо во улогата на мајсторот Ѓепето.

Холивудскиот актер изгледа сосем поинаку додека го глуми италијански столар, создавајќи го Пинокио од дрво, а потоа посакувајќи куклата да оживее во вистинско момче.

Филмот е во режија на Роберт Земекис и ја следи оригиналната класична приказна за дрвената кукла која е во мисија да стане човек, обидувајќи се да докаже дека е храбар, искрен и несебичен.

Во останатите улоги, покрај Хенкс, се појавуваат Лук Еванс, Џозеф Гордон-Левит и други. Филмот ќе биде достапен на Disney Plus на 8 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Disney+ (@disneyplus)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.