Нов Оскар за најдобар кастинг ќе биде воведен од 2026 година, објави Академијата за филмски уметности и науки, која ги организира Оскарите.

Извршните директори на Академијата, Бил Крамер и Џенет Јанг, рекоа во соопштението дека кастинг директорите „играат суштинска улога во снимањето на филмовите“.

„Како што Академијата се развива, ние сме горди што додаваме кастинг во дисциплините што ги препознаваме и славиме“, порачале тие.

Оскарот за најдобар кастинг ќе биде првата нова натпреварувачка категорија од 2002 година, кога беше воведена наградата за најдобар анимиран филм, потсетува Би-Би-Си.

Оскарите годинава, чиј водител е американскиот водител Џими Кимел, ќе се одржи во Лос Анџелес на 10 март.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.