Холивудската актерка Никол Кидман драстично го променила изгледот за улогата во новата серија „Roar“.
Кидман со години носи препознатлива долга руса коса, а за потребите на новиот проект ја скратила косата и ја обоила во црвена боја.
Ретко кој се сеќава на актерката од почетокот на кариерата кога имала црвени локни. Сега 54-годишната актерка се согласила за новиот проект да се врати во нијансата со која е родена, но и драстично да ја скрати косата во минијатурен боб.
View this post on Instagram
Не е познато дали актерката се потстрижала и се бојадисала или само носела перика на сетот бидејќи пред само две недели можевме да ја видиме на Оскарите во Лос Анџелес, кога ги врза своите долги сини локни во елегантна пунџа.
Серијата „Roar“ пристигнува на платформата за стриминг Apple TV + на 15. април. Ќе има голем број познати актерски имиња, како оскаровката Никол Кидман, Иса Реј, Синтија Ериво и Алисон Бри, а низ осум епизоди ќе ги пренесе приказните за осум различни жени. Серијата е базирана на приказните на авторката Сесилија Ахерн.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.