Културниот и информативен центар Битола во соработка со Кинотека на Македонија и со поддршка на Амбасадата на Полска во Македонија организираат филмски настан „Недела на полски филм”.

Полската филмска школа позната во Европа и светот, по својот автентичен филмски потпис остави зад себе бројни антологиски филмски остварувања. Дел од тие филмски остварувања, битолската публика ќе има можност да ги проследи во периодот од 20 – 26 Декември, со почеток во 20.00 во Кино Манаки. Влезот е слободен“, информираат од Културниот и информативен центар Битола



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.