Од 3 до 10 ноември во Скопје и Битола ќе се одржи Недела на јапонски филм на која ќе бидат прикажани пет филма.
Јапонската амбасада ги поканува сите заинтересирани на 16-тото издание на традиционалната Недела на јапонски филм која ќе се одржи во Кинотеката во Скопје и Центарот за култура во Битола од 3 до 10 ноeмври.
„Придружете ни се на уште една возбудлива недела каде што ќе ја доживееме јапонската култура преку магијата на филмовите“, соопштија од Јапонската амбасада.
Првите пет дена, од понеделник до петок (3-8 ноември), филмовите ќе се прикажуваат во скопската Кинотека, додека викендот (9 и 10 ноември) два филма ќе бидат прикажани во битолскиот Центар за култура.
Влезот е бесплатен за сите проекции.
Програма:
Кинотека, Скопје
03.11.2023, 20:00
„Барем љубов“ (Ikiterudakede Ai / Love at Least)
04.11.2023, 20:00
„Долгото збогум“ (Nagai owakare / A Long Goodbye)
06.11.2023, 20:00
„Осаменото уме дрво“ (Ume kiranu baka / Lone Ume Tree)
REMOTE VIDEO URL
07.11.2023, 20:00
„Филмските лажговци од Асахи-за“ (Hama no asahi no usotsukidomo to / Cinematic Liars of Asahi-za)
REMOTE VIDEO URL
08.11.2023, 20:00
„Макуко“ (Makuko)
REMOTE VIDEO URL
Центар за култура, Битола
09.11.2023, 20:00
„Барем љубов“ (Ikiterudakede Ai / Love at least)
10.11.2023, 20:00
„Долгото збогум“ (Nagai owakare / A Long Goodbye)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.