Во рамките на Неделата на франкофонски филм, „Март, месец на франкофонијата”, синоќа беше прикажан грчкиот филм „Евтихија“ на режисерот Ангелос Франџис. Проекцијата на филмот се одржа во Кинотеката на Македонија, каде пред присутните се обратија амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер и амбасадорката на Грција во Македонија, Софија Филипиду.

Филмот “Евтихија” е инспираран од турбулентниот живот на една неконвенционална личност со силен темперамент, текстописецот Евтихија Папајанопулу, која преку своите текстови и соработката со најзначајните грчки композитори, како Василис Цицанис и Манос Хаџидакис, создаде некои од безвременските грчки песни, рече Бомгартнер.

Филмот “Евтихија” во 2020 година беше награден со 8 награди од Грчката академија за кинематографија и беше топло прифатен од публиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.