„Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич, од Турција ја доби Гранд-При наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал.

Жири Комисијата, составена од Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов, Жан Дакар, едногласно ја донесе следната одлуката специјалнaта награда за најдобра актерска двојка да ја додели на актерите, Ерик К. Булијана и Флоренс Блејн Мбаје, од филмот „Правење бебиња“, во режија на Ерик К. Булијана од Канада.

Специјалнa Награда за млад актер е доделена на актерот, Гордон Рокс, од филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединети Американски Држави. Најдобра кинематографија за Себастијан Вебер, од филмот „Нечуени работи“, во режија на Рамазан Килич, од Турција, а најдобро сценарио за Рејчел Волден од филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединети Американски Држави.

Наградата за најдобра режија ја доби Ерик К. Булијана од филмот „Правење бебиња“ од Канада, а за најдобар актер е прогласен Ксавиер Ривард-Дези, од филмот „Кралеви“ во режија на Оливие Коте од Канада, додека пак најдобра актерка е Улијана Золкина, од филмот „Лето со боровинки“ во режија на Маша Кондакова од Украина.

Најдобар анимиран филм е филмот „Рак во базенот“ во режија на Александра Миот и Жан Себастиен Хамел од Канада, најдобар документарен филм „1001 ноќ“ во режија на Реа Рајчиќ од Хрватска, додека наградата за најдобар игран филм ја понесе „Кратко патување“ на Ереник Беќири од Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.