Натали Портман (42) ја започна својата долга филмска кариера кога имаше само 12 години – со улога во филмот на Лук Бесон, „Леон: Професионалецот“. Сепак, оскаровката смета дека децата не треба да работат во Холивуд.

– Не би ги охрабрила младите да го прават ова. Не мислам никогаш, но додека се уште се деца, не – изјави актерката неодамна за Variety.

2020 Academy Awards in Los Angeles

Сепак, Портман не жали што актерската кариера ја започнала во предпубертетските години бидејќи нејзините родители можеле да се грижат за неа додека била на снимање.

– Се чувствувам среќна што не бев повредена, но заслугата за тоа им ја припишувам на моите премногу заштитнички, прекрасни родители. Не ви се допаѓа кога сте дете, но сте благодарни кога ќе пораснете. Слушнав премногу лоши приказни и мислам дека децата не треба да бидат дел од тоа – објасни таа.

Портман сега е мајка на две деца, Алеф (12) и Амалија (6).

Актерката претходно зборуваше во подкастот на Dax Shepard’s Armchair Expert за нејзиниот тинејџерски живот кога веќе беше во центарот на вниманието.

Спомна дека бидејќи имала 12 години на снимањето на Леон, „не и дозволиле да се изрази онаква каква што е“.

– Сексуализацијата во детството ми ја одзеде сопствената сексуалност затоа што се плашев – додаде тогаш таа.

Во 2018 година, Портман се присети како мажите прекумерно ја сексуализирале кога била тинејџерка.

– Дел од тоа произлегува од самите улоги и начинот на кој се напишани, а дел од пишувањето на критичарите и новинарите. Се сеќавам, имав околу 13 години и го прочитав описот на филмот во кој глумав, а во него беа спомнати моите гради – изјавила Натали, која усвоила некои одбранбени механизми поради тоа, како на пример одбивање улоги кои вклучуваат секс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.