Таика Ваитити откри дека Натали Портман ќе ја видиме во поинакво светло во претстојниот филм „Тор: Љубов и молња“.

40-годишната актерка ќе ја повтори улогата на Џејн Фостер, која сега е Mighty Thor (моќниот Тор) во претстојниот блокбастер за суперхерои, а режисерот сака таа да преземе многу поголема улога отколку што имаше во претходните филмови во серијалот.

Во интервју за магазинот „Емпајр“ режисерот рече:

Не сакате Натали да се врати и да го глуми истиот лик. Тор обично лета наоколу, а Џејн е оставена на Земјата и го чека да се врати назад. Тоа е досадно, таа треба да биде дел од авантурата.

Натали е навистина духовита во реалниот живот. Таа има одлична смисла за хумор и мислам дека тоа не беше доволно искористено во првите филмови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.