Легендарниот холивудски актер Брус Вилис по долго време е снимен во јавноста. Оваа недела папараците го фатиле како се шета со пријателите во Лос Анџелес, а на фотографиите изгледа уморно и збунето. Многумина од обожавателите на актерот се загрижени за неговата состојба по последните фотографии.
Минатата година на актерот му беше дијагностицирана афазија, пореметување на мозокот што влијае на способноста за ефективно комуницирање, што го принуди да се повлече од актерството.
Неодамна, извори блиски до актерот открија за медиумите дека неговата состојба се влошува и дека неговото семејство се надева на чудо, по што на Инстаграм се појавија фотографии на кои тој насмеан позира со сопругата Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и неговите ќерки.
Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат, па Ема навистина му беше глас и комуникатор. Има денови кога се гледаат делови од стариот Брус, но тоа е краткотрајно. Тој се чини дека сѐ повеќе и повеќе им се измолкнува и тоа им ги крши срцата. Неговите ќерки не можат да го замислат животот без него. Им недостасува стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните момчиња и им даваше несакани совети”, изјавил извор за Daily Mail.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.