Филмот „Северен пол” ја започна 2023 година повторно со награда. Овојпат се работи за 26-та награда по ред, за најдобар краток филм во категоријата “Фикција” на седмото издание на фестивалот Dona i Cinema Mujer y Cine Woman & Film  кој се одржа од 27-ми јануари до 4-ти февруари во Валенсија, Шпанија. Овој филм ја потврди високата позиција на Македонија на светската мапа од филмската уметност и ги отвори вратите на македонската кинематографија на еден од најреномираните филмски фестивали, Канскиот.

Претходно филмот ја освои наградата за “Најдобар краток филм” во интернационална конкуренција на 9-то издание на Smita Patil Documentary and Short Film Festival кој се одржа во Пуна,Индија. Филмот кој е во режија на битолчанката Марија Апчевска, ги доби наградите : за најдобра актерка за Антонија Белазелкоска на фестивалот во Приштина, тука е и наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот во Црна Гора и други. „Северен пол“ ја надмина бројката од 100 фестивалски учества ширум светот. Во низата на последните награди е и наградата за “Најдобра актерка” во категоријата KIDDOS на 11 издание на Visioni Corte Film Festival  за талентираната, млада актерка Антонија Белазелкоска.

„Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе интернационални фестивали и освои награди, имаше и номинација за Европските филмски награди (EFA) се квалификуваше за наградата „Оскар“. Приказната на „Северен Пол“ е приказна за прифаќање и меѓуврснички притисок, раскажана низ очите на 16годишната Марго, која ја игра Антонија Белазелкоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.