На 18-ти јануари во Белград ќе биде одржана премиерата на филмот „Недеља“ кој е биографска приказна за детството на познатиот српски пејач Џеј Рамадановски. Креаторите на филмот одржаа прес конференција и промоција на филмот за медиумите каде открија повеќе детали од снимањето.

Филмот Nedelja, 90 отсто е снимен според вистински настани. Миќа Совтиќ, најдобриот пријател на Џеј, организираше часови и часови за раскажување и благодарение на тие приказни дојдовме до дејствието во филмот.

Тој беше популарна личност и многу се знае за него, но детството е неоткриено, па затоа најмногу се задржавме на тоа. Слушајќи ги тие приказни, сфатив дека неговото творештво настанало потпирајќи се на неговото растење“ – изјави режисерот Немања Ќераниќ.

Продуцентот на филмот, Владан Анѓелковиќ, откри дека најголем предизвик било да ги најдат актерите кои што ќе ја толкуваат главната улога. Тој раскажа како сосема случајно го нашле момчето Ален Исмаили, што ја толкува улогата на малиот Џеј.

Интересно е тоа што малиот Џеј, односно Ален го најдовме така што тој на Скадарлија ѝ пријде на нашата организаторка за да ѝ продаде ружа, таа го сними и утредента дојде на кастинг и ја отпра песната „Недеља“, па сфативме дека покрај сличноста, тој има и неверојатен талент за глума“ – рече Анѓелковиќ.

Кога станува збор за актерот што го толкува возрасниот Џеј, Хусеин Алијевиќ Хуса, авторите на филмот не можеле веднаш да одлучат. Дури 4 месеци размислувале на кого да му ја дадат оваа улога.

Во еден миг кога Хуса се појави и дојде на кастинг, ние сфативме дека и тој го познавал Џеј и дека во 92-ра година бил негов танчар и дека доаѓаат од иста ‘заднина’. Во тој миг знаевме дека тој е вистинскиот и сметам дека тој донесе една автентика за нашиот филм“ – раскажа сценаристот.

Во филмот се појавува и нашата актерка Емра Куртишова на која ѝ припадна честа да ја толкува улогата на мајката на Џеј.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.