Мексиканската актерка Селма Хајек открива дека користи „тајна состојка“, што е одговорна за нејзиниот младешки и беспрекорен изглед.
Користам екстракт од кората на дрвото „тепезкоуите“ (tepezcohuite), кое се користи во Мексико за лекување изгореници, затоа што целосно ја обновува кожата. Никој не го користи во САД, вели Хајек таа за магазинот „Ел“.
Таа додава дека го донела во лабораторија во Америка и дека истражувачите биле изненадени од позитивните резултати.
Се запрашаа како е можно никој да не го користи. Благодарение на овој екстракт немам потреба од ботокс или филери, вели Мексиканката.
Ваквите зборови на актерката објаснуваат како таа секогаш воодушевува со фотографии од црвениот тепих каде што изгледа совршено. Нејзините обожаватели, четопати коментираат дека е речиси невозможно да се поверува дека има 56 години.
Покрај тоа, оваа прекрасна актерка нема проблем да се појави во јавноста без шминка, за разлика од многу други познати личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.