Познатата актерка Џенифер Анистон неодамна ја отвори душата за странските медиуми и отворено проговори за своите физички тешкотии.

Актерката има 54 години и совршено витка линија. Она што малкумина го знаат е дека Џенифер, како што рече, со години го мачела своето тело со напорни тренинзи. Нејзината макотрпна работа не се исплатеше, а последиците по телото се видливи.

„Порано станував Бог знае колку часа пред работа за да одработам еден час кардио тренинг – мислев дека мора да ме боли или треба да се чувствувам како да ќе се онесвестам после тренинг. Но, тоа не е вистина.

Поради ова верување и форсирање, буквално си го скршив телото.

„Мојот физиотерапевт ми даде кукла Барби покриена со кинезио лента, само за да ми ја покаже секоја повреда што ја имав во изминатите 15 години“, призна таа.

Актерката денес практикува нов вид физичка активност, која според неа е поефикасна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.