Холивудските глумци Мила Кунис и Ештон Кучер пристапија во разговор со Володимир Зеленски откако преку интернет-страницата „GoFundMe“ собраа речиси 35 милиони долари.
Брачната двојка вчера го оствари видеоразговорот со претседателот на Украина. Зеленски истакна дека е благодарен за нивната поддршка и рече оти тие се инспиративни.
Мила Кунис, инаку, е родена во Черновци, Украина, 1983 година, но нејзиното семејство се преселило во САД во 1991 година. Двојката претходно рече дека самите тие ќе издвојат три милиони долари од своите парични средства за фондот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.