74-годишната Оскаровска, Мерил Стрип и прославениот 74-годишен скулптор Дон Гамер се разделени повеќе од шест години, потврди во ексклузивната изјава за Page Six, портпаролот на Стрип.
Парот последен пат беше виден заедно на Оскарите во 2018 година.
Двојката има четири деца: кантавторот Хенри Волф (43) и актерките Меми Гамер (40), Грејс Гамер (37) и Луиза Џејкобсон (30), кои ги израснаа на нивниот имот во Конектикат во мирниот, историски град Солсбери. Имаат и пет внуци. Нивниот син Хенри има две деца со сопругата Тамрин Сторм Хокер, а Меми има две деца со сопругот Мехар Сети.
Двојката често беше присутна на доделувањето на Оскарите заедно бидејќи Мерил Стрип беше номинирана за рекордни 21 Оскар, освојувајќи три статуетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.