Францускиот претседател Емануел Макрон застана на страната на филмската ѕвезда Жерар Депардје против она што тој го нарече „лов на човек“, откако францускиот актер се соочува со нова истрага поради непристојни и сексистички изјави.
За време на интервјуто за ТВ каналот Франс 5, францускиот претседател го пофали придонесот на Депардје во правењето филмови. „Јас сум голем обожувач на Жерар Депардје, тој е одличен актер… Тој помогна да се запознаат нашите големи автори во светот, тој ја прави Франција горда“, рече тој.
Макрон се огради од одлуката на неговата влада потенцијално да му ја одземе Легијата на честа на Депардје, по обвинувањата за сексизам и сексуален напад. Депардје беше обвинет за силување во 2020 година – тој негираше дека сторил нешто лошо – а неодамна објавениот документарен филм, во кој актерот дава непристојни изјави и сексуализира млада девојка, предизвика нов бес.
Во средата, францускиот претседател потврди дека не сака на Депардје, кој глумеше во повеќе од 200 филмови, да му биде одземена честа Легија, што е највисок степен на заслуги во Франција.
Не може врз основа на еден документарен филм да ја одземе „Легијата на честа“, рече Макрон.
Депардје ги отфрли сите обвиненија против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.