Македонскиот филм „Мементо“ на Димитрие Османли на 11 септември ќе биде прикажан во рамките на југословенската ретроспектива на црниот бран во престижниот њујоршки Музеј на модерна уметност (МоМА).
Филмот во режија на доајенот Османли е снимен во 1967 година и ја раскажува приказната за Јана, која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на своето минато и семејната трагедија што ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во филмот улогите ги играат Стево Жигон, Рената Фреинскорн, Предраг Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешоска, Петре Прличко, Тодор Николовски.
Ретроспективата во МоМА ќе трае од 7 до 21 септември, под наслов „Црн бран до бел зрак“. Ќе бидат прикажани 15 филма избрани од Мина Радовиќ, филмски историчар и еден од организаторите на изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.